Дуелите од 6. коло минаа без изненадувања и донесоа резултати кои беа очекувани, но донесоа и поместувања на табелата.
Металург лесно се справи со тимот на Струга и прв дојде до три бода во ова коло. Лесно беше и за Пролет против Радовиш, но затоа дербито меѓу Охрид и Бутел Скопје донесе интересен ракомет во кој немаше многу голови, но имаше големо надигрување.
Гостински победи однесоа составите на Вардар јуниор и Пелистер. Младите вардарци славеа против вториот тим на Металург во интересен натпревар, додека Пелистер исто така во интересна средба се избори за три бода против Работнички.
Традицијата продолжува и екипата на 24 Ракомет и годинава ќе ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во првиот дел од сезоната. Ние ги подготвивме најдобрите седум, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на сезоната. Ќе можете да гласате до сабота во 12 часот.
Својот глас за ракометарот за кој сметате дека бил најдобар можете да го дадете во продолжение (Доколку анкетата не ви се појави веднаш почекајте неколку секунди за да биде вчитана).
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 6. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА
ГОЛМАН: ЈАГОШ БРАУНОВИЌ (ОХРИД)
Бранеше во второто полувреме, но успеа да се покаже во добро издание. Прими само девет гола и придонесе за победата над Бутел Скопје и искачувањето на 2. позиција на табелата во Супер машката лига.
ЛЕВО КРИЛО: МИЛАН ПОПОВИЌ (МЕТАЛУРГ)
Ракометарот од Црна Гора одигра одлично против стружани и беше меѓу најефикасните на теренот. Тој одработи добра средба и со пет гола беше меѓу поефикасните во таборот на Металург со што ја одржува стандардната форма.
ЛЕВ БЕК: СТЕФАН ТАЛЕВСКИ (ПЕЛИСТЕР)
Беше незадржлив за одбраната на Работнички. Со десет гола беше прв стрелец на средбата и играч кој доминираше во втората победа за тимот од Битола. Ова му е веќе втор натпревар на кој доаѓа до десет гола.
СРЕДЕН БЕК: МАРТИН КАРАПАЛЕВСКИ (ВАРДАР ЈУНИОР)
Еден од двајцата играчи кои го понесоа товарот на средбата против Металург 2. Тој постигна дури 11 гола и беше играч кој доминираше во играта во нападот. Ова му беше една од најдобрите средби сезонава.
ДЕСЕН БЕК: ДЕНИС ТОТ (ОХРИД)
Продолжува да ја крева формата. На средбата со Бутел Скопје имаше одлично издание. Успеа да одработи одлично и со осум гола да биде најефикасниот на теренот. Беше и еден од клучните во новиот триумф на Охрид.
ДЕСНО КРИЛО: МАРТИН ПОПОВСКИ (ПРОЛЕТ 62)
Големото засилување за тимот на Пролет, Мартин Поповски на секој дуел покажува колку е значајно неговото искуство. На дуелот против Радовиш доминираше и со десет гола помогна многу во обезбедувањето на победата.
ПИВОТ: МИЛАН ЛАЗАРЕВСКИ (МЕТАЛУРГ)
И пивотот на Металург беше на потребното ниво. Со шест гола беше прв стрелец во победничкиот тим на дуелот со Струга. Влегува во сè подобра форма што е добро за „металурзите“ пред средбите во Купот на ЕХФ.
СУПЕР МАШКА ЛИГА
ДВОЈКИ И РЕЗУЛТАТИ ОД 6. КОЛО
МЕТАЛУРГ – СТРУГА 32:25 (ИЗВЕШТАЈ)
Шилегов 6, Лазаревски 6, Поповиќ 5 – Кузманоски 7, Новаковиќ 6, Симоноски 5
МЕТАЛУРГ 2 – ВАРДАР ЈУНИОР 30:38 (ИЗВЕШТАЈ)
Мелоски 6, Николовски 6, Стојановиќ 6 – Карапалевски 11, Кукуловски 10, Ќосевски 5
ПРОЛЕТ 62 – РАДОВИШ 36:27 (ИЗВЕШТАЈ)
Поповски 10, Аларов 7, Мајнов 6 – Николов 7, Стојановски 5, Ѓоргиески 4
РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР 29:34 (ИЗВЕШТАЈ)
Сулима 8, Палевски 7, Полијак 5 – Талевски 10, Петровски 8, И. Димитровски 6
ГРК ОХРИД – БУТЕЛ СКОПЈЕ 24:22 (ИЗВЕШТАЈ)
Тот 8, Кривокапиќ 4, Блажески 3 – Милошевски 5, Мајиќ 5, Печенковски 4
ДВОЈКИ ЗА 7. КОЛО
ПЕТОК, 18 ОКТОМВРИ
18:30ч
БУТЕЛ СКОПЈЕ – МЕТАЛУРГ 2
САБОТА, 19 ОКТОМВРИ
15:30ч
ВАРДАР ЈУНИОР – ПРОЛЕТ 62
18:30ч
ПЕЛИСТЕР – МЕТАЛУРГ
19:00ч
РАДОВИШ – РАБОТНИЧКИ
19:30ч
СТРУГА – ОХРИД
ТАБЕЛА: 1. Металург 16 бода (205:150); 2. Охрид 15 (159:132); 3. Пролет 14 (177:163); 4. Бутел Скопје 12 (165:146); 5. Радовиш 9 (190:183); 6. Пелистер 8 (151:152); 7. Вардар јуниор 6 (156:185); 8. Работнички 4 (176:205); 9. Струга 1 (142:168); 10. Металург II 1 (182:219).
ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ (ТОП 5)
61 – Давор Палевски (Работнички)
61 – Ивица Илиев (Радовиш)
44 – Иван Џонов (Пролет 62)
38 – Филип Николов (Радовиш)
36 – Стефан Крстевски (Вардар јуниор).