ИДЕАЛЕН ТИМ НА 20. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло и во пролетниот дел од сезоната.

За разлика од ланската сезона, во оваа сезона има 12 екипи, а играат и Вардар и Еурофарм Пелистер.

Дефинитивно на љубителите на ракометот нема да им недостигаат драматични и неизвесни натпревари. Како регуларниот дел од сезоната се приближува кон крајот, така се разгоруваат и битките за плеј-оф.

Ние ги одбравме најдобрите седум, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на колото.

Ќе можете да гласате до петок до 12 часот.

Според Вас, кој ракометар го одбележа дваесеттото коло од машката Суперлига?

Јагош Брауновиќ - голман - Охрид
59.24%
Страхиња Симиќ - среден бек - Тиквеш
35.46%
Владимир Јевтиќ - пивот - Бутел Скопје
2.10%
Филип Николов - десен бек - Охрид
1.22%
Тимур Дибиров - лево крило - Вардар
0.91%
Оливие Њокас - лев бек - Вардар
0.55%
Реваз Чантурија - десно крило - Прилеп
0.52%

СУПЕР МАШКА ЛИГА – РЕЗУЛТАТИ ОД 20. КОЛО

СТРУГА – ТИКВЕШ            32:34 ИЗВЕШТАЈ

ВАРДАР – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2      32:20 ИЗВЕШТАЈ

СКОПЈЕ 2020 – БУТЕЛ СКОПЈЕ    23:24 ИЗВЕШТАЈ

РАДОВИШ – ПРИЛЕП        28:36 ИЗВЕШТАЈ

ОХРИД – ПРОЛЕТ   23:30 ИЗВЕШТАЈ

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – МЕТАЛУРГ ОДЛОЖЕНО

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 20. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

ГОЛМАН: Јагош Брауновиќ (Охрид) – Бранеше во добра форма кога беше најпотребно. Имаше добар ден и многу помогна за победата над Пролет.

ЛЕВО КРИЛО: Тимур Дибиров (Вардар) – Имаше лидерска улога во Вардар во победата против Еурофарм Пелистер 2. Постигна седум гола.

ЛЕВ БЕК: Оливие Њокас (Вардар) – Одигра добар натпревар особено во првото полувреме против вториот тим на битолчани. Постигна четири гола во првиот дел од средбата.

СРЕДЕН БЕК: Страхиња Симиќ (Тиквеш) – Продолжува да игра во одлична форма. На гостувањето кај Струга во новата победа беше стрелец на десет гола.

ДЕСЕН БЕК: Филип Николов (Охрид) – Со десет гола беше најефикасниот ракометар на Охрид во важната победа против Пролет. Одигра еден од најдобрите натпревари сезонава.

ДЕСНО КРИЛО: Реваз Чантурија (Прилеп) – Постигна девет гола и ги предводеше стрелците во победата против тимот на Радовиш.

ПИВОТ: Владимир Јевтиќ (Бутел Скопје) – Имаа тешка средба против Скопје, но ракометарите на Бутел Скопје успеаја да победат. Јевтиќ беше меѓу подобрите, а реализираше петпати.