Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло и во пролетниот дел од сезоната.
Има натпревари од разигрувањата за титула и опстанок во елитната конкуренција, па нема да недостига неизвесност, драма до самиот крај…
Ние одново ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 2. коло од плеј-оф/аут.
Ќе можете да гласате до сабота до 12 часот.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – РЕЗУЛТАТИ ОД 2. КОЛО ПЛЕЈ-ОФ/АУТ
ВАРДАР – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 23-24 (ИЗВЕШТАЈ)
ТИКВЕШ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 31-31 (ИЗВЕШТАЈ)
ОХРИД – БУТЕЛ СКОПЈЕ 25-25 (ИЗВЕШТАЈ)
ПРОЛЕТ – СТРУГА 35-30 (ИЗВЕШТАЈ)
СКОПЈЕ – ПРИЛЕП 23-22 (ИЗВЕШТАЈ)
ТАБЕЛА
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 2. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕРЛИГА (АНКЕТА)
Голман: Марко Кизиќ (Еурофарм Пелистер) – Бранеше само во вториот дел, беше јунак на битолчани со многу симнати зицери, го запре и последниот удар на вардарци.
Лево крило: Мирко Мајиќ (Бутел Скопје) – Црногорецот го водеше Бутел кон нов триумф со девет погодоци кај Охрид, но на крајот се радуваа само на бод.
Лев бек: Емилијан Ѓорговски (Еурофарм Пелистер 2) – Стружанецот игра во одлична форма, а како лев и како среден бек даде девет гола во ремито со Тиквеш.
Среден бек: Реине Табоада (Еурофарм Пелистер) – Во отсуство на Периќ, Кубанецот мина долго време на среден бек, беше меѓу најдобрите против Вардар.
Десен бек: Филип Николов (Охрид) – Велешанецот ја продолжува одличната форма и даде шест гола против Бутел во интересниот натпревар на домашен терен.
Десно крило: Мице Шилегов (Охрид) – Тоа што важи за Николов, важи и за Шилегов. Десното крило постигна шест погодоци во двобојот против бутелци.
Пивот: Никола Маркоски (Еурофарм Пелистер) – Македонскиот репрезентативец одигра одлично во дербито против Вардар, не само одбрана, туку и во напад.