ИДЕАЛЕН ТИМ НА 1. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ќе ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиотдел од сезоната.

За разлика од лани годинава има 12 екипи, а играат и Вардар и Еурофарм Пелистер. Сезоната ќе биде долга, ќе има неизвесни битки за пласман во плеј-офот каде ќе играат шест екипи. Дефинитивно на љубителите на ракометот нема да им недостигаат драматични и неизвесни натпревари.

Ние ги одбравме најдобрите седум, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на колото. Ќе можете да гласате до четврток до 12 часот.

Според Вас, кој ракометар беше најкорисен во првото коло од машката Суперлига?

Жарко Пејовиќ (Пролет)-среден бек
35.18%
Бобан Блажески (Струга)-десно крило
26.70%
Никола Матовиќ (РК Струга)-голман
19.46%
Мирко Мајиќ (РК Бутел)-лево крило
7.95%
Филип Талески (Вардар)-лев бек
5.98%
Томислав Кушан (Еурофарм Пелистер)-пивот
3.04%
Алекса Милошевиќ(Охрид)-десен бек
1.70%

РЕЗУЛТАТИ ОД 1. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА

ОХРИД – ТИКВЕШ          29:24 (ИЗВЕШТАЈ)

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2          29:24 (ИЗВЕШТАЈ)

ВАРДАР – СКОПЈЕ 2020                48:24 (ИЗВЕШТАЈ)

РАДОВИШ – СТРУГА     19:22 (ИЗВЕШТАЈ)

МЕТАЛУРГ – ПРОЛЕТ    22:24 (ИЗВЕШТАЈ)

БУТЕЛ СКОПЈЕ – ПРИЛЕП            28:27 (ИЗВЕШТАЈ)

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 1. КОЛО

ГОЛМАН: Никола Матовиќ (Струга) – Имаше повеќе од добар почеток на сезоната во својот нов тим. Покажа дека ќе биде одлично засилување. Со 18 одбрани го излуде противникот и беше клучот за победата во Радовиш.

ЛЕВО КРИЛО: Мирко Мајиќ (Бутел Скопје) – Од стартот на сезоната е расположен за игра. Со осум гола беше прв стрелец во победата над Прилеп која беше обезбедена на истекот од времето.

ЛЕВ БЕК: Филип Талески (Вардар) – Тој беше еден од двајцата најефикасни ракометари на Вардар во првата победа во новата сезона. Реализираше седумпати против новиот суперлигаш, Скопје 2020.

СРЕДЕН БЕК: Жарко Пејовиќ (Пролет) – Добро го предводеше тимот на Пролет на гостувањето кај Металург. Беше лидер во победата од 24:22, а постигна пет гола.

ДЕСЕН БЕК: Алекса Милошевиќ (Охрид) –  Новиот играч на охриѓани имаше добар почеток на сезоната. Во победата против Тиквеш постигна пет гола.

ДЕСНО КРИЛО: Бобан Блажески (Струга) – После повеќе од една деценија го облече одново дресот на Струга и веднаш покажа колку големо засилување ќе биде за тимот. Со 11 гола беше убедливо најефикасниот.

ПИВОТ: Томислав Кушан (Еурофарм Пелистер) – На стартот на новата сезона вицешампионот доби силен отпор од помладите колеги. Кушан имаше два гола во првата победа во новото првенство.