За малку избегната сензација во Прилеп – Деспина го доби трилерот против Овче Поле СУ

Во рамките од 18.коло од  Женската лига, Деспина забележа победа против Овче Поле СУ со резултат 26:24. Иако во најголемиот дел од натпреварот домашната екипа беше во постојано водство, сепак, гостинската екипа од Свети Николе успеа да направи неизвесен финиш, но за целосна сензација немаше време.

Деспина уште од самиот старт создаде солидно водство и успеа рутински да го контролира во првиот дел. Прилепчанки стартуваа одлично со предност од 3:0 со головите на Конеска и Гулеска. Гостинската екипа на Овче Поле СУ не можеше никако да го скрши отпорот на домаќинот и заостануваше на два до три гола негатива. Резултатот на полувреме беше во корист за Деспина, 13:8.

Прилепчанки во второто полувреме продолжија со добрата игра на теренот и предводени од незапирливата, Конеска успешно го одржуваа стекнатото водство, но во последните десет минути имаа пад во играта. До крајот, Овче Поле СУ ја намалуваше разликата, стигна до минус два, 25:23, а во последните секунди и до минус еден разлика, 25:24. Сепак, домаќинките со голот на Цаневска стигнаа до нова победа.

Победничката екипа беше предводена од искусната ракометарка, Мери Конеска која постигна десет гола. Во екипата на Овче Поле СУ, Марија Анчева ја предводеше листата на стрелци со седум гола.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ19181055
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА19161249
3ЧАИР19161249
4КУМАНОВО19150445
5ВАРДАР19141443
6СТРУЖАНКА1991928
7ПЕЛИСТЕР 20121991928
8СКОПЈЕ19721023
9ДЕСПИНА19611219
10СПАРТАК19511316
11ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.19431215
12АСТИБО19401512
13ШАМПИОН1921167