Загреб ја продолжи соработката со екс селекторот на Македонија

Раководството на Загреб реши да ја продолжи соработката со актуелниот тренер, Ивица Обрван, кој на клупата на „плинарите“ ќе остане во наредните две сезони.

Екс селекторот на македонската машка репрезентација ги оправда очекувањата откако со неговите избраници успеаја да ја одбранат дуплата круна во Хрватска. Клубот забележа и многу подобри резултати во Лигата на шампионите во однос на претходната сезона.

Обрван го презеде Загреб во текот на месец февруари, 2021 година, а во својата тренерска кариера ги предводеше и Шамбери, Медвешчак, Горење Велење, Метковиќ, а од 2010 до 2012 година го предводеше неговиот актуелен клуб.

Загреб за следната сезона се засили со екс ракометарот на Вардар, Вуко Борозан, како и со младиот хрватски ракометар, Тим Томљановиќ. Филип Ивиќ, Давид Мандиќ, Валентино Равниќ и Фабијан Грубишиќ официјално си заминаа од хрватскиот гигант.