Загреб се пофали со ново засилување – потпиша со хрватски репрезентативец

Репрезентативецот на Хрватска, Филип Главаш, се враќа во својата татковина и во следните три сезони ќе го носи дресот на Загреб.

Од хрватскиот гигант официјално ја објавија тригодишната соработка со најновото засилување во своите редови.

Десното крило, кое има статус на сениорски репрезентативец, во клубот од хрватската престолнина ќе пристигне од словеченчкиот Тримо Требње.

На неговата позиција во Загреб моментално настапуваат Иван Чупиќ, Владо Матановиќ, Пауло Краљевиќ и Хрвоје Чековиќ.

Главаш во словенечкиот шампионат играше на високо ниво и одличните настапи беа причина да биде повикан во дресот на „коцкестите”.

Во својата кариера настапуваше за матичниот Замет, како и за хрватскиот суперлигаш Вараждин.

Загреб претходно се засили со Миодраг Ќорсовиќ, Матич Сухолежник, Анте Грбавац и актуелниот член на Вардар, Куни Моралес.