ЕХФ одлучи: Мешков Брест службено го доби мечот со Порто, нема да играат ПСЖ и ПИК Сегед

Европската ракометна федерација денеска објави дека е донесена одлука за неодиграниот натпревар меѓу Мешков Брест и Порто.

Овој дуел требаше да се одигра на 24 февруари, но поради ситуацијата со Алфредо Кинтана, најпрво беше презакажан за 28 февруари.

Сепак португалскиот голман ја загуби најважната животна битка, немаше нов термин кога би можел да се одигра овој меч до 4 март, па затоа ЕХФ го регистираше во службен резултат.

Тоа значи победа за Мешков Брест од 10-0 и два бода за белорускиот првак од овој меч.

Од групата каде што игра Вардар, откажан е уште еден дуел меѓу ПСЖ и ПИК Сегед. Унгарскиот тим е во карантин, тренерот Пастор е позитивен, па ПСЖ доби службена победа со 10-0.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1КИЛ14102222
2АЛБОРГ1483319
3ПСЖ ХЕНДБОЛ1481517
4КЕЛЦЕ1464416
5ППД ЗАГРЕБ1462614
6ПИК СЕГЕД1461713
7КОЛСТАД1451811
8ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1400140