ЕХФ ги откажа натпреварите меѓу Загреб и Фленсбург, бундеслигашот без борба во четвртфинале!

Европската ракометна федерација денеска одлучи да ги откаже натпреварите од осминафиналето во Лигата на шампионите меѓу Загреб и Фленсбург.

„Плинарите“ беа погодени од коронавирусот и имаа само петмина ракометари на располагање, а ЕХФ понуди варијанта за регистрација на дополнителен број играчи од младинскиот погон, но тоа беше одбиено и Загреб нема да патува во Германија.

Тоа значи две службени победи за бундеслигашот против хрватскиот првак и без борба место во четвртфиналето на елитното натпреварување.

Фленсбург во четвртфиналето ќе се соочи со победникот од двобојот меѓу данскиот Алборг и португалскиот Порто.