Еурофарм Работник без тројца ракометари против Татран Прешов

Македонскиот вицепрвак Еурофарм Работник по репрезентативната пауза, им се враќа на обврските во Лигата на шампионите.

„Фармацевтите“ веќе се во Словачка, а стратегот Стевче Алушовски во Битола ги остави десниот бек Михаил Петровски, како и повредените Никола Маркоски и Милорад Кукоски.

Татран  победи со еден гол разлика во Битола на претходниот натпревар, а како ќе биде во Прешов останува да видиме в сабота од 18:00 часот.

Судии на натпреварот се Французите Карим и Рауф Гасми, додека делегат е Словенецот Јанко Пожежник.