„Еурофарм Пелистер расте во европски клуб“

Хрватскиот стратег Жељко Бабиќ е една од причините што Јосип Периќ доаѓа во редовите на Еурофарм Пелистер.

Покрај тоа, Периќ вели дека луѓето што го водат клубот се многу амбициозни и дека Еурофарм Пелистер расте во европски клуб.

„Втората сезона во Гепинген, по настапот на ЕП имав повреда, а кога се вратив во игра почна короната. Потоа сè се измести и се беше неизвесно како во клубовите, така и на трансфер-пазарот, несигурно некако. Во тој период ми се јави Жељко Бабиќ ми ги кажа своите планови и проектот на клубот, кој има високи амбиции, потоа во тимот дојдоа некои играчи со кои имам соработувано и претходно, а и дел од оние кои веќе играа во Битола ги познавав и во разговор со нив повеќе сакав да дојдам во Еурофарм Пелистер отколку некаде на друго место. Знаев дека играме Европа, дека ќе му бидеме конкуренти на Вардар за титулите и тоа беше примамливо и излезе дека е ‘полн погодок’ и навистина сум задоволен и воодушевен и мислам дека ја донесов вистинската одлука. Луѓето се многу амбициозни, имаме добра екипа, одлична управа и навивачи и тоа е некако нормален развој на клубот за да играме на исто ниво со другите европски клубови. Да растеме во нормален европски клуб.“

Целото интервју со Јосип Периќ прочитајте го во продолжение…

ИНТЕРВЈУ ЈОСИП ПЕРИЌ: Еурофарм Пелистер расте во европски клуб – а нашата цел е титула!