Еурофарм Пелистер задржа уште еден ракометар – Ојлески останува во Битола

Екипата на Еурофарм Пелистер го крои тимот за следната сезона, а меѓу играчите кои ја продолжуаат соработката со клубот се и актуелни и поранешни репрезентативци на Македонија.

Гоце Ојлески е новиот играч кој продолжува со тимот од Битола и тој ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер и следната сезона.

Ојлески беше и капитен на тимот во претходните години, а е еден од поискусните. Беше постигнат нов договор така што струшкото лево крило и понатаму ќе го носи дресот на клубот од Битола.

Со ова полека се пополнуваат позициите и нема да има многу промени што значи дека Ојлески ќе продолжи да биде дел од клубот и во новата сезона.