Еурофарм Пелистер е најдобра екипа за 2022 година во изборот на градот Битола

Тимот на Еурофарм Пелистер четврта година по ред е екипа на годината во изборот на Општинскиот сојуз на спортови – Битола.

Признанието за постигнувањата во претходната година го подигна директорот на клубот, Димитар Митревски.

Во изборот на десетте најдобри спортисти на градот, второто место му припадна на Ненад Костески, а четвртопласиран заврши Петар Атанасијевиќ.

Легендарниот  ракометар и тренер на битолчани, Цане Крстевски доби награда за животно дело и со овации беше испратен од преполната сала на Битолскиот народен театар.