Естонија без сили за изненадување, Австрија против Исланд за Мундијал

Австрија не дозволи изненадување против Естонија, иако Естонците во реваншот прикажаа солиден отпор сепак попуштија во финишот и Австријците запишаа нова победа со 24:27.

Естонија единственото водство на натпреварот го имаше со првите два гола на мечот кога поведоа со 2:0, а потоа следуваше серија од 0:5 за Австрија. Брзо возвратија и домаќините, а од тој момент гледавме изедначен меч. На полувреме Австрија водеше со еден гол разлика 13:14.

Иста слика на теренот гледавме и во второто полувреме се до финишот кога Естонија попушти. Во последните 6-7 минути Австрија направи уште една серија од 5:0 кога поведоа со 19:24. Се што направија до крајот Естонците беше да го ублажат поразот.

Најефикасен на натпреварот беше Себастијан Фримел со осум гола од 10 обиди додека на спротивната страна Јанима Денер и Јирген Роба постигнаа по пет гола.

Во претходниот натпревар Австрија забележа победа од два разлика 35:33 и по победата во овој домеч ќе оди на дуел со Исланд за пласман на Светското првенство.