Повремениот репрезенативец на Црна Гора, Божидар Симиќ, кој беше член на Вардар Јуниор и Радовиш, во пролетниот дел од сезоната ќе игра за тимот на Слога од Горни Вакуф – Ускопље.
Тој по неколку години во првенството на Македонија прифати нов предизвик и ќе се натпреварува во првенството на Босна и Херцеговина. Пред да дојде во македонската Супер лига, Симиќ беше дел од тимот на Бар.
Ги има поминато сите младински селекции на репрезентацијата на Црна Гора, а минатиот јануари за прв пат беше на поширокиот список и на сениорската репрезентација.
Неговиот брат Небојша Симиќ брани за бундеслигашот Мелсунген и настапи за Црна Гора на последното Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска.