Екс ракометарот на Металург го продолжи договорот со Либек

Хрватскиот ракометар Лука Мраковчиќ го продолжи договорот со германски Либек, објави клубот на својот официјален сајт.

Клубот кој се бори за опстанок во Бундеслигата потврди дека Хрватот останува и во наредната сезона без разлика дали наредната година ќе бидат помеѓу најдобрите во Германија. Во овој момент Либек се наоѓа на 17. позиција со 10 освоени бодови.

Во акутелната сезона Мраковчиќ одигра 22 натпревари и постигна 42 гола. Ќе потсетиме, Мраковчиќ една сезона играше и во Македонија и тоа во Металург во сезоната 2015/2016 од каде што се пресели во Загреб каде што се задржа четири години. Пред Металург го носеше дресот на Замет.