Една од најтрофејните голманки во Европа почнува тренерска кариера

Ракометарката која одлучи да се повлече од играњето, Кари Гримсбо од Норвешка ќе се посвети на тренерска кариера и во иднина ќе работи со голманите, со што ќе се обиде да има достојна наследничка

Поранешната репрезентативка на Норвешка, својата пва тренерска задача ќе ја има во редовите на Бјасен.

„Кога се вратив во татковината мојот план беше целосно осмислен. Решив да одморам и малку да се опуштам после долгите напори. Сепак, тогаш сфатив дека не можам да живеам без ракометот. Тој е дел од мојот живот и сакам да останам дел од него“, вели Гримсбо.

Бјасен е првиот професионален тим на 35 годишната Гримсбо. За оваа екипа играше до 2010 година, а потоа пет сезони настапуваше во редовите на Есбјерг. Од 2015 до 2020 година го носеше дресот на Ѓер.

Во својата кариера има две златни медали и бронза од Олимписките игри, две златни, две сребрени и бронза од Светските првенства и пет трофеи од Европските шампионати. На клпски план има три титули во Лигата на шампионите.