Европските шампионки ги разбуди земјотрес во Словенија

Актуелниот бранител на титулата на Европското првенство, селекцијата на Норвешка, во групната фаза беше дел од групата А, која се играше во Љубљана.

Во претходниот ден, земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди централна Италија со епицентар на 64 километри источно од Римини, а силниот земјотрес бил почуствуван и во Словенија, Хрватска, БиХ…

Според информациите на норвешкиот портал „ВГ“ земјотресот, кој се случил во раните утрински часови, ги разбудил од кревет норвешките репрезентативки.

Селекторот на Норвешка, Торир Хергеирсон бил единствениот кој имал мирен сон и не почуствувал ништо.

,,Навикнат сум на посилни земјотреси, па добро спиев (се смее)”, изјави Хергеирсон за „ВГ“.

Норвешка без проблем обезбеди пласман во главната фаза на Европското првенство.