Охрид повторно му пружи силен отпор на Вардар и гостите мораа да се помачат малу за да обезбедат победа со 26-23.
Иако домаќините имаа лош почеток, сепак, кон средината на првиот дел се вратија во игра и речиси до самиот крај беа повеќе од рамноправен противник.
Членот на Охрид, Стефан Дрогришки, кој трипати се запиша во листата на стрелци, истакна дека на денешниот натпревар искуството си го направи своето.
„Мислам дека лошо го отворивме натпреварот во нападот и тој период беше клучен за Вардар да создаде предност и да не ја испушти до крајот. Ние се боревме, дадовме максимум од нашите можности, одигравме една добра одбрана, имавме неколку промашени зицери во нападот и Вардар знаеше тоа да го искористи. При крајот имавме шанса и за изедначување, но среќата беше на страната на Вардар и не успеавме да се вратиме во натпреварот. Сигурно дека грешките во првиот дел, како и на крајот, се клучни сегменти на овој натпревар и Вардар има голем број искусни ракометари кои имаат многу натпревари и титули зад нив и тоа знаеа да го искористат”, изјави Дрогришки.
Охриѓани во 3. коло од разигрувањето за титулата ќе гостуваат во Кавадарци кај Тиквеш.
Талески: Секоја победа на гости значи многу за Вардар, Охрид покажа карактер
Недановски: Тешко е да се игра во Охрид, најважно е дека ги освоивме бодовите