Драчево му даде 41 гол на Партизан

Ракометарите на Драчево имаа победнички крај на годината, откако во натпревар од 14 коло во Првата лига славеа дома против Партизан Гевгелија со 41-22.

Гостите парираа во поголем дел од првото полувреме, во еден момент и имаа предност, сепак на пауза Драчево замина со плус четири, 15-11.

Во вториот дел имаше комплетна доминација на момците на Велимир Настески, кои постигнаа дури 26 погодоци.

Најдобар стрелец беше Ѓорѓи Дука со десет гола, додека седум постигна Димитар Петковски за победничкиот тим. Кај Партизан се истакна Димитар Минов со пет гола.