Драма во Полска: Алекс Душебаев за две минути го „реши“ Кил

За триумфот на полскиот првак многу помогна и одбранетиот пенал на Андреас Волф на ударот на Ландин при резултат 38-37 во 59 минута.

Со трите гола по ред во последните две минути од средбата Алекс Душебаев му донесе триумф на тимот на Киелце од 40-37 (19-19) против Кил во Б групата од ЕХФ лигата на шампионите. Со новите два бода, Киелце има 6 бода исто колку и Алборг и Нант и го престигна Кил на табелата.

Киелце водеше во текот на првото полувреме иако на одмор се отиде со реми. Германците имаа водство 20 минути во второто полувреме. Шпанскиот интернационелец имаше седум голови од истотолку обиди и кога беше најпотребно ја презеде одговорноста.

Во последните пет минути од средбата Киелце влезе со предност до 36-35 најавувајќи дека нема лесно да се откаже од бодовите. На средбата Киелце го имаше и расположениот голман Андреас Волф кој имаше 16 одбранети топки од 53 упатени удари со процен на успешност од 30 отсто.На спротивната страна Никлас Ландин и Томас Мрква заедно одбранија осум топки.

Од 35 до 54 минута Кил имаше водство. Кога првпат поведе со 22-21 во 35 минута германскиот тим се држеше се до самата завршница. Тогаш Игор Карачиќ израмни на 35-35, а птоа Нахи погоди за водство 36-35. По 20 минути Полјаците пак имаа активен резултат што им ја отвараше патеката до триумф.

Можеше да биде и полесно ако Карачиќ погодеше при водство 37-36 во 57 минута. Но, Германците тоа го казнија па Микола Билик пак израмни, 37-37. Малку време остана до крај, а двата тима имаа шанса и се надеваа на освојување на цел плен. Тогаш на сцената стапи Алекс Дујшебаев кој со двата гола по ред им донесе предност од 39-37 на домаќините и причина на трибините на почне славјето. Откако гостите промашија во следниот напад, Душебаев со својот седми гол ја реши драмата.

Клучен момент беше и одбранетиот пенал на Волф при резултат 38-37 на почетокот на 59 минута.

Мечот почна со воведна предност на Киелце од 3-1 во 4 минута, но брзо Кил израмни. Потопа се играше „гол за гол“ иако Киеlце неколку пати имаше и „плус 2“, но иако имаше шанса не успеа да се одлепи на три гола предност. Од последното водство 16-14 за Киелце следува два гола на Кил за израмнување, и до полувреме пак се играше „гол за гол“

Симон Сичко постигна 7 гола од 10 обиди, а неговиот клупски колега Алекс Душебаев исто така седум гола. Аркадиуш Морито даде 6 гола. Кај гостите девет гола од 12 удари постигна Ерик Јохансон, а по 6 гола дадоа Магнус Ландин, Никлас Екберг и Микола Билик.

Во следното коло Кил гостува кај Нант во едно од дербијата на колото, а Келце патува кај Целје.