ДРАМА во Битола: Еурофарм во последната секунда стигна до триумф над Савехоф!

По премиерната победа над финскиот Кокс, ракометарите на Еурофарм Работник го забележаа вториот триумф во Лигата на шампионите, откако во Битола го совладаа шведскиот тим  Савехоф со минимални 32-31.

Гостите водеа на стартот со 1-2, но потоа тргна серијата на домаќините од четири голови по ред, па Еурофарм водеше  со 5-2. Момците на Стевче Алушовски имаа предност и од 7-3, што  беше причина за гостинскиот тренер да побара тајм-аут.

Савехоф набрзина се врати во игра на 7-6, а потоа шведскиот тим беше во егал 8-8. Еурофарм пак се одлепи на 12-9, но истата приказна од претходнитенатпревари се повтори и лесно ја загубија предноста.

Швеѓаните израмнија на 12-12, но потоа до крајот на полувремето не постигнаа ниту едне погодок, а за тоа најголеми заслуги има Никола Митревски. Еурофарм Работник за разлика од гостите погоди шест пати и има комотно водство од 18-12.

Како одминуваше вториот дел, така Савехоф се враќаше од негативата, па на десетина минути до крајот стигна до минус еден 26-25. Радовиќ зголеми на плус два, но Швеѓаните беа упорни и во 52.минута беше 27-27. На три минути до крајот пак мораше се од нула, 29-29, иако битолчани имаа плус два претходно, 29-27.

Пропуштија домашните со играч плус да зголемат пак на плус два, па Савехоф на 90 секунди до крај израмни на 30-30. Возбудувањата продолжија до крајот, беше 31-31, а за Еурофарм останаа уште неколку секунди за акција.

Во последната секунда биеше Радовиќ  и погоди за голема радост на битолската публика и втора победа во ЛШ. Најдобри стрелци во битолскиот тим беа Острушко, Радовиќ и Јотиќ со по шест голови, додека кај Савехоф се истакна Богојевиќ содевет. Следна обврска за битолчани во Лигата на шампионите ќе биде гостувањето кај финскиот Кокс веќе в среда.