Драмата во Ѓорче Петров ја доби Македонија, Текстилец со празни раце

Екипата на Македонија ЃП запиша уште една победа во натпревар од Првата лига, на свој терен успеа да го совлада составот на Текстилец со 26:25.

Гостите од Штип во првото полувреме беа рамноправни до 10. минута. Македонија ЃП до крајот на првиот дел го покажа својот квалитет, доминација и од минута во минута го зголемуваше своето водство. По нерешените 5:5, домашните со серија од неколку гола започнаa да ја градат својата предност. Беше 10:7 и 12:8, а со поголемо темпо се продолжи до последната секунда од првото полувреме. Составот на Македонија ЃП ги имаше највисоките седум гола разлика, 17:10, но штипјани намалија на минус три, 17:13.

Второто полувреме донесе многу неизвесност, голема борба и бркотница низ теренот. Домаќините му дозволија на својот противник целосно да се врати во игра. При резултат 22:22, составот на Текстилец направи пресврт и поведе со 23:22. Во битката гол за гол, нијанси одлучуваа кој ќе биде победник во неизвесниот дуел. Иако, Текстилец имаше водство од 25:24, сепак во завршните осум минути не успеа да постигне погодок. Домаќините израмнија на 25:25 и во 57. минута, Серафимовски ги постави конечните 26:25 за победа на неговата екипа.

Најефикасен во редовите на Македонија ЃП беше Бојан Серафимовски со шест погодоци. Во Текстилец листата на стрелци ја предводеше Филип Хаџи Николов со десет погодици.