Драгунас го освои трофејот во Балтичката лига

Оваа сезона во Балтичката лига заврши со радост за ракометарите на Драгунас кои беа подобри во финалниот натпревар од Свиеса со резултат 33:30. На полувреме резултатот беше 17:12 за Драгунас.

Победничката екипа, Драгунас го направија најголемото достигнување во нивната клупска историја со освојување на шампионскиот пехар на Балтичката лига.

Третото место односно бронзениот медал им припадна на ракометарите на Полва Сервити кои беа единствен претставник од Естонија на завршниот турнир. Екипата од Естонија беше подобра од Алитус со резултат 26:24 и го освои утешното трето место.

Во Балтичката лига оваа сезона играа само 12 тима и тоа од Естонија, Летонија и Литванија, а нема повеќе учесници од Финска, Украина и Белорусија.