Динамо Букурешт шести пат по ред шампион на Романија, го осигура местото во ЛШ

Тимот на Динамо Букурешт предводен од Шпанецот Чави Пасквал шест пат по ред го освои првенството на Романија.

Динамо титулата ја обезбеди и со поразот против Турда од 31:29 затоа што натпреварот помнеѓу Сучеава и Стеауа заврши без победник 31:31. Така разликата во последните две кола остана на недостижни осум бода. Во следното коло Динамо Букурешт ќе има прилика да ја слави титулата со своите навивачи бидејќи ја пречекува Стеауа на 11. мај. Оваа титула за Динамо Букурешт е вкупно 18-та.

Покрај освоената титула Динамо го обезбеди и директното место во групната фаза од Лигата на шампионите. Причината за ваквата ситуација е што Романија пред оваа сезона ја симна Хрватска од деветото место во рангирањето кај ЕХФ според коефициентот.

Кога во прашање е коефициентот Македонија е три места пред Романија, на шестата позиција со коефициент 86.00. Зад нас се уште Полска и Португалија, а пред нас Данска, Унгарија, Франција, Шпанија и Германија.