Димитриоски: Сите сме разочарани и на никој не му е сеедно, ама ќе продолжиме да се бориме

Машката репрезентација по вчерашниот пораз од Русија со 32-20, останува да го одигра последниот натпревар на СП, против Белорусија.

Левото крило Димитар Димитриоски вели дека на никого не му е сеедно кога губи, но дека ќе борат до крај.

„Се договоривме кој што да изигра, но имавме лоши минути против Русија. На полувреме направивме друг план и изгледавме далеку подобро. Не ни е сеедно кога губиме, нормално е дека сите сме разочарани од резултатите, ама сигурно ќе продолжиме да се бориме“, вели Димитриоски.

Последниот натпревар на Македонија против Белорусија се игра утре во „Каиро Стадион“ со почеток во 15:30 часот.