Дејвис внимателен: Двомечот трае 120 минути, не смееме да го „преспиеме“ реваншот со Вардар

Ракометарите на Веспрем победија со убедливи 14 погодоци на гостувањето кај Вардар во Скопје со 27-41 и се блиску до четвртфиналето.

Тренерот на унгарскиот првак, Давид Дејвис, сепак предупредува дека не смее да има никакво опуштање во неговиот тим.

„Одигравме извонредно во Скопје, никој не очекуваше така висока разлика. Вардар немаше загубено со повеќе од седум гола во групната фаза, а ние го совладавме двојно повеќе. Сите аспекти во нашата игра функционираа беспрекорно, нормално дека сме среќни, но сега не смееме да го „преспиеме“ реваншот само затоа што имаме удобна предност. Двомечот трае 120 минути и мораме да си ја завршиме работата и со триумф да се пласираме во четвртфиналето“, изјави Дејвис.

Натпреварот меѓу Веспрем и Вардар се игра в четврток во „Веспрем Арена“ со почеток во 18:45 часот.