ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Се спушта завесата во Суперлига, битолчани ќе ја слават титулата

Денес во Македонија ќе се одигра последното коло од суперлигашкиот плеј-оф/аут за оваа сезона.

Како што е веќе познато, тимот на Еурофарм Пелистер е нов шампион на Македонија, додека неизвесно е дали Вардар ќе остане на 2. позиција, бидејќи има само бод повеќе од амбициозниот Алкалоид.

Токму овие две екипи со почеток од 19:00 часот ќе се сретнат во СЦ ,,Јане Сандански” и на љубителите ќе им понудат квалитетен и возбудлив дуел.

Новиот шампион Еурофарм Пелистер на свој терен ќе го пречека Тиквеш. Пелистерци очекуваат салата ,,Боро Чурлевски” да биде исполнета до последното место, бидејќи по завршувањето на дуелот ќе биде доделена шампионската титула на избраниците на Јовиќ, додека во вечерните часови ќе има голема прослава во центарот на Битола.

Во плеј-аут групата ќе има интересни дуели и на дел од нив ќе биде одлучено која екипа ќе се пресели во Првата лига, а која екипа ќе игра бараж за опстанок.

Со дуелот меѓу Монпелје и Фуксе Берлин ќе стартува Ф4 турнирот во Лига на Европа. Во второто полуфинале ќе играат екипите на Грањолерс и Гепинген.

Финалето и натпреварот за третото место во второто по ранг европско натпреварување се закажани за во недела.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

14:00 СТРУГА – ЈУНИОР КВ (МАКЕДОНИЈА)

14:00 ВАРДАР НЕГОТИНО – КУМАНОВО (МАКЕДОНИЈА)

16:00 ОДЕНСЕ – ИКАСТ (ДАНСКА)

16:00 ПОРТО – ВИТОРИЈА (ПОРТУГАЛИЈА)

17:30 СКОПЈЕ – РАДОВИШ (МАКЕДОНИЈА)

15:30 МОНПЕЛЈЕ – ФУКСЕ БЕРЛИН (ЛИГА НА ЕВРОПА)

18:00 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ (МАКЕДОНИЈА)

19:00 ВАРДАР – АЛКАЛОИД (МАКЕДОНИЈА)

18:00 ГРАЊОЛЕРС – ГЕПИНГЕН (ЛИГА НА ЕВРОПА)

18:00 ЧУРГУ – ВЕСПРЕМ (УНГАРИЈА)

18:00 ФТЦ – БАЛАТОНФУРЕДИ (УНГАРИЈА)

18:15 СТОРГАМАР – ВАЈПЕРС (НОРВЕШКА)

18:30 ГОРЕЊЕ – ГОРИЦА (СЛОВЕНИЈА)

18:30 ГРАДЕЦ – ЦЕЛЈЕ (СЛОВЕНИЈА)

18:30 ОРМОЖ – РИБНИЦА (СЛОВЕНИЈА)

18:30 КОПЕР – ЛОКА (СЛОВЕНИЈА)

18:30  КРШКО – ДОБОВА (СЛОВЕНИЈА)

18:30 СЛОВАН – ТРЕБЊЕ (СЛОВЕНИЈА)

18:30 АДЕМАР ЛЕОН – ВАЉАДОЛИД (ШПАНИЈА)

19:00 НЕКА – БУДАИ (УНГАРИЈА)

20:00 СЕНТ РАФАЕЛ – ПСЖ (ФРАНЦИЈА)

20:30 ХАМБУРГ – КИЛ (БУНДЕС ЛИГА)