Бидејќи сме при крај на натпреварувачката сезона 2022/23, во следниот период на ракометната програма ќе има мал број натпревари.
Во поголемиот број земји веќе се завршени шампионатите во машка и женска конкуренција.
Денес има само неколку дуели на ракометната програма, а свој настап ќе има репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска.
Македонката заедно со ЦСКА Москва против Ростов Дон ќе го одиграат вториот дуел од финалето во шампионатот на Русија.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
15:00 КОЊАЛТИ – КАСТАМОНУ
17:30 РОСТОВ ДОН – ЦСКА МОСКВА (РУСИЈА)
18:30 ИАКСТ – НИКОБИНГ (ДАНСКА)
20:15 ОДЕНСЕ – ЕСБЈЕРГ