ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Започнува борбата за Ф4 во Купот на Македонија

Денес во Македонија ќе започнат осминафиналните натпревари од Купот во машка и женска конкуренција.

Први на теренот ќе излезат екипите на Пролет и Голден Арт во натпревар од втората група.

Победникот од овој дуел ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Радовиш.

Вториот тим на ,,фармацевтите” дуелот со Радовиш ќе го одиграат на 18 март. На истиот ден ќе биде одиграно финалето од втората група, по што ќе биде познат патникот во полуфиналето од Купот на Македонија.

Натпреварите од втората група ќе се одиграат во спортската сала „Македонско сонце“.

На денешната програма кај дамите има натпревари, од кои едниот ќе биде во Прилеп каде Деспина во рамки од осминафиналето силите ќе ги одмери со младиот тим на Кузман Вардар.

Тимот кој ќе победи од овој дуел во финалето од оваа група ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Вардар и Шампион.

Во осминафиналето од четвртата група кај дамите ќе играат Пелистер и Гевгелија. Битолскиот тим е голем фаворит на овој дуел, па се очекува во утрешното финале да игра со Куманово, кој ја прескокнува првата пречка.

Дуелот меѓу Пелистер и Гевгелија ќе се одигра со почеток од 20:00 часот во спортската сала ,,Боро Чурчевски”.

По одигрувањето на финалните средби од групите, победниците ќе се пласираат на завршниот турнир што ќе се одржи од 13 до 15 мај.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

11:00 ФЕНИКС – БАЛТИЧКА ЗОРА (РУСИЈА)

13:30 ХАПОЕЛ – БНЕИ ХЕРЦЛИЈА (ИЗРАЕЛ)

14:00 ХОЛОН – РАМАТ ХАШАРОН (ИЗРАЕЛ)

14:00 УСКУДАР – ЈАЛИКАВАК (ТУРЦИЈА)

16:00 ЈЕНИМАХАЛ – КАСТОМОНУ (ТУРЦИЈА)

16:00 АЕК – ЗАФЕИРАКИС (ГРЦИЈА)

18:00 ПОДРАВКА – ЗРИНСКИ (ХРВАТСКА)

18:00 МОШОНМАЃАРОВАР – АЛБА (УНГАРИЈА)

18:00 НЕКА – ЃЕР (УНГАРИЈА)

18:15 КЕЛЦЕ – ГДАЊСК (ПОЛСКА)

18:30 ПРОЛЕТ – ГОЛДЕН АРТ (МАКЕДОНИЈА)

18:30 БРЕГЕНЦ – ТИРОЛ (АВСТРИЈА)

19:15 ДЕСПИНА – КУЗМАН ВАРДАР (МАКЕДОНИЈА)

19:30 МУЛТИ ЕСЕНС – ЈЕХОНА (МАКЕДОНИЈА)

20:00 ПЕЛИСТЕР – ГЕВГЕЛИЈА (МАКЕДОНИЈА)

20:00 ЕКС АН ПРОВАНС – СЕНТ РАФАЕЛ (ФРАНЦИЈА)

20:00 МОНПЕЛЈЕ – ШАРТ (ФРАНЦИЈА)

20:30 ИВРИ – ИСТР (ФРАНЦИЈА)

20:30 СЕЛФОС – ВАЛУР (ИСЛАНД)