ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Гигов и ПАОК на мегдан на скапиот АЕК

По богатиот викенд со ракометни натпревари низ цела Европа, следува релаксиран понеделник со само пет дуели.

Денес свој настап ќе има голманот од Македонија, Виктор Гигов, кој со тимот на ПАОК во натпревар од грчкиот шампионат ќе му гостуваат на АЕК Атина.

Двете екипи на табелата имаат по 27 бода и победникот од денешниот дуел ќе направи голем исчекор во борбата за втората позиција.

На почетокот на оваа сезона, дуелот меѓу ПАОК и АЕК Атина заврши без победник, 24:24.

Освен во Грција, ќе има натпревари во Данска, Исланд, Шведска и Израел.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

18:00 АЕК – ПАОК (ГРЦИЈА)

18:30 ХОЛСТЕБРО – СИЛКЕБОРГ (ДАНСКА)

19:00 САВЕХОФ – Х 65 ХООР (ШВЕДСКА)

19:30 ХАПОЕЛ КИРЈАТ – ТЕЛ АВИВ (ИЗРАЕЛ)

20:30 АФТУРЕЛДИНГ – ФРАМ (ИСЛАНД)