Дебакл на Норвешка, Данска подобра од Шпанија

Четири репрезентации во текот на оваа ЕХФ недела се натпреваруваат на турнирот на „Златната лига”. Најголемо разочарување приреди Норвешка која беше поразена со 16 разлика од Данска, а потоа и со осум од Франција.

Селекторот во заминување Кристијан Берге нема да го памети по добро неговиот последен турнир, барем кога во прашање е неговиот шеста година како шеф на стручниот штаб. Сепак треба да се истакне дека Скандинавците беа значително ослабени без Сагосен, Бергеруд, Јоханесен.

Во првиот натпревар на турнирот Данска ја победи Норвешка со 37:21 (18:12), а денес беше подобра и од Шпанија 28:25 (15:14).

Во вториот натпреварувачки ден Франција ја победи Норвешка со 37:29 (19:14).