Данците фаќаат сеир: Ние можеби се по*равме, ама Хрватите се за*баа!

Репрезентацијата на Данска иако немаше мотив да игра и да победи, сепак ја демолираше Хрватска, 38-26, во последниот натпревар од главната фаза на Светското првенство во Египет.

Данските медиуми не ја пропуштија приликата да фатат сеир на големите ривали.

„Јакобсен им даде минутажа на ракометарите од втор план кои одиграа неверојатно. Ние имавме проблеми со про*ив, ама Хрватите излегоа и се за*баа“, напиша Екстрабладет.

Данците настапија со вториот тим, односно без главните ѕвезди, кои имаа проблеми со стомачен вирус. На теренот не беше Микел Хансен, кој го извлече најдебелиот крај, но би требало да биде подготвен за четвртфиналето.