Дали ќе ни донесе среќа – ракометарите првпат во црн дрес! (ВИДЕО)

Македонија во овие моменти го игра натпреварот против Шведска во првото коло од Светското првенство во Египет.

Новост на овој Мундијал е тоа што ракометарите за првпат во историјата се појавија во црн дрес со црвени линии, налик на вардаровиот.

Досега секогаш нашите репрезентативци играа во црвени, жолти, црвено-жолти, црвено-бели дресови, а сега првпат во црни.

Дали тоа ќе ни донесе среќа останува да видиме…