Грчевски со поширок список – еве кои кадетки се во конкуренција за настап на ЕП

Новиот селектор на женската кадетска репрезентација на Македонија, Кристијан Грчевски, го објави поширокиот список на ракометарки за претстојното Европско првенство во кадетска конкуренција.

На поширокиот список кај Грчевски партиципираат 35 ракометарки, речиси сите се од домашните клубови, додека три од нив настапуваат во странство, поточно во Шведска и Норвешка.

Станува збор за левите бекови Мила Поп Андонова и Мартина Ангеловска и средниот бек Ема Лазареска.

Европското кадетско првенство ќе се одржи во Црна Гора во период од 3 до 12 август.

Македонија ќе игра во групата Д заедно со репрезентациите на Унгарија, Романија и Франција.