Скопје со пресврт во последните минути успеа да стигне до триумф против Јуниот КВ од 28-26 (12-15) и „помладиот тим“ да го добие градското дерби во четвртфиналната група. Скопје се избори за мече против Вардар во финалето на групата што е закажано за утре од 17 часот.
Неизвесно, и со пресврти беше во текот на целиотцмеч, а Јуниор КВ може да жали што не успеа да ја валоризира својата добра игра и водството што го имаа во најголем дел од натпреварот. Марио Мишевски беше стрелец на двата клучни гола со кои Скопје прво израмни на 26-26, а потоа и поведе со 27-26 во последната минута. Мишевски од десетте гола на мечот, седум постигна во вториот дел.
Имаше шанса Јуниор да израмни и да се избори за пенали, но направија техничка грешка, а тоа го искористи Скопје, чии ракометари од 40 миниута играа без Дамјан Јакимовски кој поради три исклучувања доби црвен картон.
На полувреме Јуниор имаше предност од 15-12, и најава дека ќе успее да победи. За само две седмици двата тима играат по вторпат меѓусебе, а претходниот меч од првенството заврши нерешено.
Кај гостинскиот тим Филип Петровски даде 8 гола.
Куп на Македонија, мажи, осминафинале:
Група 1
Вардар – Охрид 38-30
Јуниор КВ – Скопје 26-28
19/3, 17:00, финале, Вардар – Скопје
Група 2
Радовиш – Еурофарм Пелистер 2 17-32
Голден Арт – Пролет 26:25
18/3, 19:00, финале, Еурофарм Пелистер 2 – Пролет
Група 3
Бутел – Алкалоид 24-25
Вардар Неготино – Прилеп 29-28
19/3, 18:00, финале, Алкалоид – Вардар Неготино
Група 4
Струга – Тиквеш 23-28
Куманово – Еурофарм Пелистер 21-33
18/3, 20:00, финале, Тиквеш – Еурофарм Пелистер