Градимир Чаневски потпиша за израелскиот Макаби Ришон!

Голманот на Бутел Скопје, Градимир Чаневски, од следната сезона започнува интернационална кариера.

Тој се сели во поранешниот израелски шампион Макаби Ришон Ле Зион, со кој потпиша договор на две сезони, односно до летото 2024 година.

34-годишниот Чаневски ги бранеше боите на Металург, Вардар, Вардар Јуниор, Еурофарм Пелистер и Бутел Скопје, а ова е прв негов интернационален предизвик.

Бутел Скопје сега го има на располагање само Бојан Блажески, тука се младите Наумм Симјановски и Дино Трајчевски, но ќе мора да бара уште едно голманско решение во пресрет на новата сезона.