Голманот што ја запре Македонија на ЕП ќе игра во Бундес лигата

Машката репрезентација на Македонија беше елиминирана на последното Европско првенство во Австрија, Норвешка и Шведска, уште по првата фаза.

Клучен беше натпреварот против Австрија, кој го загубивме со 32-28, а еден од клучните ракометари беше голманот на домаќинот, Томас Ајхбергер.

Тој имаше дури 15 одбрани, а со одличните партии на ЕП го привлече вниманието на германските екипи.

Ајхбергер заедно со левиот бек на австриската репрезентација Даниел Дикер, потпиша договор на две години со германскиот Ајзенах.