Голем удар за Бутел – заврши сезоната за еден од клучните играчи!

Екипата на Бутел, која на седум натпревари оствари две победи во плеј-оф фазата, за останатите дуели од Супер лигата нема да може да смета на искусниот кружен напаѓач Владимир Јевтиќ.

Српскиот интернационалец има скинати лигаменти на рамото, повреда што ја заработи на дуелот со Алкалоид и за него сезоната многу веројатно е веќе завршена.

Тимот на Бутел во претходниот период имаше дополнителни проблеми, бидејќи повредени беа уште неколкумина играчи.

Станува збор за средниот бек Стефан Крстевски и десниот бек Филип Николов, кои наскоро би требало да се вратат на терените.

Тимот на Кристијан Грчевски во следните две кола ќе игра против првиот и вториот тим на Еурофарм Пелистер и токму дуелот со „двојката“ ќе биде од голема важност за Бутел, кој со евентуална победа би останал во игра за пласман во Европа.