Голем удар за Бразил – остана без клучниот дефанзивец и селекторот за СП!

Во пресрет на почетокот на Светското првенство во Египет репрезентациите не престануваат да пријавуваат новозаразени ракометари и членови на стручните штабови со коронавирусот.

Откако Бразил пријави дека голманот Руст и неколку членови на стручниот штаб се позитивни на коронавирус, целата репрезентација беше повторно на тестирање. Резултатите од повторените тестови покажаа позитивен резултат на Тијаго Петруш и тренерот Маркус Тата.

Сите останати на дополнителното тестирање се негативни и ќе патуваат на првенството. Бразил на Мундијалот во Египет ќе биде предводена од Жан Карлос и Лео Бортолини. Ова ќе биде дополнително ослабување на репрезентацијата на Бразил бидејќи Петруш е еден од клучните играчи.

Светското првенство започнува на 13 јануари но пред нас се многу неизвесности бидејќи голем број репрезентации имаат заразени со корнавирусот. Бразил првиот натпревар го игра против Шпанија на 15 јануари.