Големо дерби, сите задоволни со реми: Врањеш ги водеше Словенците до бод против своите

Составите на Словенија и Шведска одиграа максимално возбудлив натпревар во кој нијанси решаваа за победникот, но тие нијанси беа речиси невидливи, па немаше победник, а дуелот финишираше нерешено, 28:28.

Од првиот напад на натпреварот се виде дека селекцијата на Шведска е решена да нападне силно и да оди на бодови кои ќе ја доближат до пласман во четврт-финалето. Од почеток одеше одлично, а Словенците не можеа се снајдат ниту да се препознаат. Тешко се реализираше, а тоа Швеѓаните го користеа да ја зголемуваат предноста.

Играа одлично и стигнаа до 11:6, резултат кој им даваше можност мирно да влезат во втората половина од првото полувреме. Сепак, на 11:7, Врањеш одлучи да повика тајм-аут. Успеа да ги прекине своите сонародници така што им овозможи на момците од Словенија кои ги предводи да се вратат во играта. Тргнаа посилно и до крајот на првиот дел доминираа.

Пред заминувањето на одмор беше постигнат гол за 14:15, па овој гол разлика гарантираше возбудливо второ полувреме.

Само што почна вториот дел од средбата Словенија влезе во налет и израмни, па брзо и поведе со 18:17. Сепак, тука Словенците како да влегоа во криза бидејќи примија четири гола во серија и тоа овозможи Шведска да се врати во позитива од три гола и да има 21:18. На сето тоа Словенците и грешеа и не можеа да реализираат како што посакуваа, па тоа влијаеше и на играта.

Меѓутоа, темпото не беше веќе исто како на почетокот, па имаше промени. Швеѓаните тешко ја чуваа предноста бидејќи во завршницата повеќе имаа исклучен ракометар отколку што беа комплетни.

Двете селекции се надигруваа 59 минути, а потоа во последната минута влегоа со нерешени 27:27. Потоа прво Ване убаво влезе на линијата од шест метри и успеа да се снајде, па откако доби топка да го матира голманот на Словенија, Ферлин. Веднаш после ова Словенците го имаа последниот напад, а Габер погоди за 28:28 така што ситуацијата во Групата 4 е неверојатно возбудлива и во последното коло кога има два дерби дуели ќе биде максимално возбудливо.

22 јануари 2021
28 - 28
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
22 јануари 2021 22:09 СВЕТСКО ПРВЕНСТВО 2020/2021 22.01.2021 60'

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
СЛОВЕНИЈА1428Реми
ШВЕДСКА1528Реми

СЛОВЕНИЈА

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Сташ Скубецентрален бек00
3Блаж Благотиншекпивот14
5Ник Хенигманлев бек00
8Блаж Јанцдесно крило02
11Јуре Доленецдесен бек04
13Дарко Цингесарлево крило20
17Нејц Цехтедесен бек02
21Драган Гајиќдесно крило06
22Матеј Габерпивот01
23Миха Зарабеццентрален бек15
26Клемен Ферлинголман00
34Рок Овничекцентрален бек00
44Деан Бомбачцентрален бек01
51Борут Мачковшеклев бек13
90Урбан Лесјакголман00
95Матиц Сухолежникпивот00
 Вкупно 528

ШВЕДСКА

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Јонатан Карлсбогардлев бек03
5Макс Дарјпивот31
8Алфред Јонсонлев бек02
11Даниел Петерсондесно крило00
12Андреас Паличкаголман00
15Хампус Ванелево крило07
16Микаел Агефорсголман00
18Фредрик Петерсонпивот21
19Феликс Кларцентрален бек01
22Лукас Пеласлево крило00
24Џим Готфридсонцентрален бек04
26Линус Персондесен бек03
28Јонатан Едвардсонцентрален бек00
33Лукас Санделдесен бек10
62Валтер Хринцдесно крило05
66Антон Линдскогпивот21
 Вкупно 828

Officials

Судии:
Вацлав Хорачек -Чешка
Јири Новотни -Чешка
ПозЕкипаНПРЛБ.
1ДАНСКА54109
2ЕГИПЕТ54018
3ХРВАТСКА53117
4БАХРЕИН52034
5САД51042
6БЕЛГИЈА50050