Голден Арт КЛ7 вторпат подобар од Шампион

Тимот на Голден Арт КЛ7 по ремито со Пролет, 33-33, забележа победа на последниот пријателски натпревар.

Избраниците на Игор Котевски славеа триумф над прволигашот Шампион 36-25, што беше втор над истиот ривал.

КЛ7 ќе води тешка битка за опстанок во суперлигашкото друштво против Работнички, Тиквеш, Прилеп, Астраион, Младост Богданци, Јуниор КВ и Радовиш.

Тимот на Шампион ќе биде дел од плеј-офот во Првата лига и ќе се обиде да стигне до местото што носи бараж за Суперлига.