Гледајте ВО ЖИВО: Македонија – Аргентина (ЛИНКОВИ)

Репрезентацијата на Македонија денес ќе го одигра последниот натпревар од групната фаза на Светското првенство 2023.

Избраниците на Кире Лазаров својата шанса за пласман во следната фаза ќе ја бараат во дуелот со незгодната репрезентација на Аргентина.

На селекцијата од Јужна Америка за пласман во следната фаза и одговара и реми, па така ракометарите на Македонија ќе треба да го дадат максимумот за победа.

Натпреварот меѓу Македонија и Аргентина ќе започне со почеток од 18:00 часот.

Пренос ќе има на првиот и третиот канал на МТВ, а може да го гледате ТУКА и ТУКА.