Германците одат со 20 играчи во Египет

Селекторот на Германија, Алфред Гисласон се одлучи за патниците на Светското првенство, а во составот ќе има 20 ракометари.

Има измени во составот во однос на претходните шампионати, но се работи за добра екипа која сигурно ќе има што да покаже.

Најголемото искуство е на голманските позиции каде има три одлични „чувари на мрежата“. Ќе го нема Криситјан Дисингер кој беше планиран да настапи на ова првенство, но и во ваков состав Германија има свои шанси за висок дострел.

Селекцијата на Германија на овој шампионат се наоѓа во Групата А со селекциите на Унгарија, Уругвај и Зеленортските острови.

СОСТАВ НА ГЕРМАНИЈА

ГОЛМАНИ: Андреас Вулф (Келце), Јоханес Битер (Штутгарт), Силвио Хајнефетер (Мелзунген)

ЛЕВИ КРИЛА: Уве Генсхајмер (Рајн Некар), Марсел Шилер (Гепинген)

ЛЕВИ БЕКОВИ: Јулиус Кун (Мелзунген), Паул Друкс (Фуксе Берлин), Фабијан Бем (Хановер), Лукас Штуцке (Бергишер).

СРЕДНИ БЕКОВИ: Филип Вебер (Лајпциг), Јури Кнор (Минден), Маријан Михалчик (Фуксе Берлин).

ДЕСНИ БЕКОВИ: Каи Хефнер (Мелзунген), Давид Шмит (Бергишер), Антонио Мецнер (Ерланген).

ДЕСНИ КРИЛА: Тобијас Рајхман (Мелзунген), Тимо Кастенинг (Мелзунген)

ПИВОТИ: Јоханес Гола (Флензбург), Себастијан Фирнхабер (Ерланген), Мориц Пројс (Мелзунген).