Георгиевски за полуфинале против рускиот Виктор

Десното крило на репрезентацијата на Македонија и на тимот на ЧСМ Букурешт, Гоце Георгиевски го дозна противникот за четврт-финалето во Челенџ купот.

Тој со своите колеги од тимот од Романија ќе мора да патува за Русија на соочување со составот на Виктор. Тоа ќе биде интересен двобој со оглед на фактот што екипата од Русија во последните години редовно успеа да дотурка далеку во натпреварувањето.

Според ждрепката првиот натпревар ќе се игра во Русија, а реваншот ќе биде во Романија. Средбите се предвидени за двата последни викенди од март.

Сите двојки за четврт-финалето во Челенџ купот во машка конкуренција можете да ги видите во продолжение.

ЧЕЛЕНЏ КУП

ДВОЈКИ ЗА ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ

ВИКТОР (Русија) – ЧСМ БУКУРЕШТ (Романија)

КАРВИНА (Чешка) – ДУКЛА ПРАГА (Чешка)

АЕК (Грција) – ПОТАИСА ТУРДА (Романија)

ХАЛДЕН (Норвешка) – ВАЛУР (Исланд)