Галиа на 42 години не размислува да каже крај – додека можам, ќе играм ракомет

Голманот на репрезентацијата на Чешка, Мартин Галиа, иако има 42 години сѐ уште е активен во ракометот.

Иако под знак прашалник е настапот на Чешка на Светското првенство во Египет, искусниот голман за домашните медиуми истакнува дека ќе игра додека може.

Во последните две години беше избран за ракометар на годината во Чешка, а секогаш против Македонија имал одлични партии.

„Едвај чекам настап на големо натпреварување. Секогаш велам дека можеби за мене ова ќе биде последно првенство. По секое ЕП или СП, размислувам дали да продолжам да играм ракомет или не. Мислам дека времето да прекинам се уште не е дојдено“, вели Галиа.

Чесите имаат дури 16 позитивни случаи, од кои 12 се ракометари, и се трудат да соберат репрезентација за да заминат на 13 јануари за Каиро, но не е се уште јасно како ќе се одвива оваа ситуација.

Чешка на Светското првенство е во група со домаќинот Египет, Шведска и Чиле.