Вујо: Талески назадуваше – не шутира, не игра одбрана, прави глупости…

Поранешниот македонски селектор Веселин Вујовиќ со интерес ги следи случувањата на Светското првенство во Египет.

Тој за „Балкан Хендбол“ ги коментираше настапите на сите балкански селекции, меѓу кои и Македонија. Го критикуваше Филип Талески, а го пофали Филип Кузмановски.

„Јас бев и селектор и клупски тренер во Македонија. Клупскиот тренер секогаш мисли на странските засилувања, бидејќи резултатот му е во прв план, па сеедно дали е домашен или странец. На селекторот му е спротивно, важни му се настапите на домашните ракометари, бидејќи него ќе му биде важен резултатот со домашните играчи на големите натпреварувања. Тоа требаше да бидат Кузмановски и Талески. Тие заминаа во најсилната Бундес лига, во топ-клубови, но таму не напредуваа. Дури ми се чини дека Талески назадуваше. Кога со Михајловски зборев за фомриањето на екиапта за оваа сезона, им реков дека треба да ги вратат Македонците дома. Реков дека еден од нив е Талески. Тој исчезна од земјата. Не можам да го препознаам. Тој не шутира, не игра одбрана, прави глупости, технички грешки…Го разбирам селекторот што постојано го менува, па го става на терен, па го менува. Сите останати се на едно ниво, мораат да бидат свесни дека мораат да се борат до последнат капка крв. Можеби на квалитет не можат да одиграат против топ селекциите, но со борбеност и желба, сигурно би можеле. Тоа сега им недостигаше“, вели Вујовиќ.