Вујин: Подготвени сме за ПСЖ, со нетрпение го чекаме натпреварот

Во исчекување на дуелот против ПСЖ на кој Вардар е гостин  во 5. коло од Лигата на шампионите очекувањата се да биде виден убав натпревар.

Според тоа како се одвиваат работите пред оваа средба сите се расположени за добра претстава на теренот и битка за убав резултат.

„Очекувам да продолжиме во истиот ритам во кој игравме на последните две средби. Покажавме дека изгледа многу подобро и дека игравме вистински ракомет со вистински противници и имаме шанса да добиеме против секого. Одиме во Париз и се надеваме да се вратиме со позитивен резултат. Сигурно во ПСЖ се под притисок бидејќи загуби три натпревари од првите четири и тоа не го планираа. Имаат повредени ракометари така што очекувам голема борба. Одиме на победа како и на секој натпревар и ќе видиме за што ќе биде тоа доволно. Подготвени сме. Добро тренираме, добро работиме и со нетрпение го чекаме натпреварот“, рече пред заминување еден од најискусните, Марко Вујин.

Натпреварот се игра во Париз. Овој дуел требаше да се игра од 20:45 часот, но поради полицискиот час во Франција беше сменет за 18:45 часот.