Вулф ги критикува соиграчите: Не сакаат да играат на СП, а претходно со Кил патуваа во високоризични земји!

Германците ќе бидат ослабени на претстојното Светско првенство во Египет, бидејќи голем дел од репрезентативците откажаа поради опасноста од коронавирусот.

На бундес тимот му откажаа Пекелер, Винцек и Вајнхолд, поради семејни причини, откако најавија

„Сфаќам дека е тешко за оние играчи што се татковци да ги остават децата и да не ги видат месец дена. Но претходно тие истите играчи со Кил патуваа на мечевите од Лигата на шампионите, и тоа во земји кои се високо ризични. Сега одеднаш за нив стана проблем СП, иако превентивните мерки се на високо ниво. Како може нивните соиграчи од другите земји да немаат таков проблем? Како што можеме да видиме, не им откажаа на своите репрезентации. Веројатно само германските играчи се грижат за своите семејства, а другите не“, изјави Вулф.

Покрај Вајнхолд, Винцек, Пекелер, откажаа и Сутон, Цемпер, Виде, Колбахер…па селекторот Гисласон ќе има на располагање поинаков тим од очекуваното. Германија е во група со Унгарија, Уругвај и Капе Верде.