Селекторот на Словенија, Љубомир Врањеш ги отвори картите и ги соопшти имињата на 35 ракометари од кои ќе бира за Европското првенство во јануари. Словенија е првиот противник на Македонија, а натпреварот ќе се игра на 13 јануари така што може да се види интересниот состав за натпреварувањето.
Нема изненадувања меѓу имињата на играчите на кои се смета и главно тоа се ракометари кои играат во Лигата на шампионите. Поголемиот дел се интернационалци и се добро познати.
Јасно е дека Словенија ќе има силен состав така што првиот предизвик на Европското првенство за Македонија ќе биде навистина голем.
Веќе е познато дека Словенците ќе одиграат три контролни средби прд почетокот на Европското првенство. На 29 декември ривал е селекцијата на Хрватска, додека на 5 и 7 јануари проверката ќе биде против репрезентацијата на Италија.
СОСТАВ НА СЛОВЕНИЈА ЗА ЕП 2022: Јоже Базник (Сесон, Франција), Сташ Скубе (Мешков Брест, Белорусија), Блаж Благотиншен (Веспрем, Унгарија), Ник Хенигман (Пик Сегед, Унгарија), Гашпер Маргуч (Веспрем, Унгарија), Блаж Јанц (Барселона, Шпанија), Вид Левц (Словењ Градец 2011), Јуре Доленец (Лимож, Франција), Аљаж Пањтар (Горење),Вид Потеко (Целје), Милан Вујовиќ (Целје), Нејц Цехте (Хановер (Германија), Сташ Јовичиќ (Тримо Требње), Тилен Кодрин (Целје), Миха Зарабец (Кил, Германија), Марио Шоштарич (Пик Сегед, Германијa), Тилен Соколич (Горење), Клемен Ферлин (Ерланген, Германија), Кристјан Хоржен (Рајн Некар, Германија), Тимотеј Грмшек (Горење), Тадеј Мазеј (Целје), Игор Жабиќ (Лимож, Франција), Рок Овничек (Нант, Франција), Домен Макуц (Барселона, Шпанија), Матич Грошељ (Шарт, Франција), Урош Миличевич (Рико Рибница), Деан Бомбач (Пик Сегед (Унгарија), Борут Мачковшек (Пик Сегед, Унгарија), Јака Малус (Мешков Брест, Белорусија), Тадеј Кљун (Бенфика, Португалија), Домен Новак (Вецлар, Германија), Урбан Лесјак (Хановер, Германија), Јернеј Дробеж (Горење), Матич Сухолежник (Целје), Урх Кастелиц (Гепинген, Германија).